Милер објасни зошто уште на загревањето знаел дека ќе ја „згазат“ Барселона

by
1 минути читање

Барселона загуби со срамни 8-2 од Баерн Минхен, резултат кој придонесе за промена на тренерот, а го натера и Лео Меси да изрази желба да замине од Камп Ноу.

Томас Милер сега открива дека уште на загревањето можело да се насети ваков резултат.

„Ние веќе се загревавме едно десетина минути, кога фудбалерите на Барса истрчаа на терен и почнаа да се загреваат но беа премногу релаксирани. Може се работи за друга филозофија, но покажа колку ние бевме „гладни“ за успех. Кога видовме колку се опуштени, знаевме дека ќе ги „згазиме““ – вели Томас Милер.

За најавеното заминување на Лео Меси, тој додава: „Меси е најдобриот фудбалер на планетава, можеби е најдобриот во последните 100 години. Една ваква промена сигурно ќе биде интересна за сите во светот на фудбалот, освен за фановите на Барселона“.

„Никој не го критикува. Напротив, сите се љубопитни да видат што ќе донесат овие нови патишта“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×