Милер го искористи необичниот потег на Грималдо за да ги уништи соиграчите: Немаме мад*ња!

by
1 минути читање

Чаби Алонсо и
Баер Леверкузен вчера му одржаа лекција на Баерн Минхен, славеа со 3-0 во
големото дерби и избегаа на +5 на врвот на табелата.

По крајот на
натпреварот, Томас Милер беше разочаран од изданието и жестоко ги критикуваше
своите соиграчи.

„Погледнете како
игра Баер, не се сите движења планирани, Грималдо во еден момент се појави по
десната страна. Играат едноставно, креативно, играат фудбал и бараат решенија“

вели напаѓачот.

„Ние имаме
додавање од А до Б, од Б до Ц, никој нема слобода, никој не се обидува да
ризкува. Мора да се обидеме да бидеме креативни. Да, и ние знаеме да бидеме
креативни, но не на натпревари, каде има притисок. И токму тоа го очекувам од
Баерн и од овој тим“.

„Ме иритира тоа
што овој тим покажува подобар пристап на тренинзите, кога играме храбро и
слободно“.

„Паметам една
фраза на Кан, „Мислам дека немаме мадиња!“. И тој е во право. Да, може да
чувствуваме притисок, но притисокот треба да ни даде енергија. Во овој состав
има доволно играчи од интернационален калибар, па не треба да говориме како
тренерот е виновен“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×