Фудбалерите на Милан вечерва беа под своето ниво, Торино заслужено дојде до победата.
Домашните фудбалери работата ја завршија за две минути. Во 35. минута Џиџи даде гол за водство од 1-0, а две минути подоцна Миранчук зголеми на 2-0.
Милан успеа да намали во 67. минута со спорен гол на Месиас. Дилемата беше дали тој направи фаул пред да го постигне погодокот. Судијата сметаше дека ситуацијата е чиста.
Тренерот на Торино, Јуриќ збесна поради таквата одлука и беше исклучен од игра. Сепак неговиот тим успеа да го сочува водството до крај и да ги освои трите бода.
Милан е трето место со шест бодови заостанување зад Наполи.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.