Милан уште се надева дека може да дојде до потписот на Ренато Санчез

by
1 минути читање

Ренато Санчез беше прв пик на Милан за наследник на Франк Кеси, росонерите имаа и постигнато договор со фудбалерот за личните услови.

Но понудата на Милан изнесува 18 милиони евра вклучувајќи и бонуси, додека ПСЖ нуди речиси 30 милиони евра.

Сепак, претседателот на Лил минатата недела изјави дека ПСЖ се уште не им доставиле официјална понуда за Санчез, а според „Скај Спорт Италија“, Милан се уште е во трката.

Росонерите не се предаваат и се надеваат дека ќе успеат да се договорат со Лил.

Милан веќе го изгиби Свен Ботман од Лил кој наместо на Сан Сиро заврши во Њукасл.

Засега Дивок Ориги е единственото засилување за Милан во летниот преоден рок, но клубот сега влегува во офанзива откако Малдини потпиша нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани