Милан со третиот голман ќе го стартува дербито против Јувентус!

by
1 минути читање

Првиот голман на Милан, Мајк Мањан е суспендиран, а вториот, Марко Спортиело се повреди.

Се очекува на неделното дерби против Јувентус, меѓу стативите да застане третиот голман, Антонио Миранте.

40-годишниот голман Миранте има само еден настап за Милан, и тоа влезе во игра во 89. минута минатата сезона на последниот меч од сезоната против Верона.

Последен пат 90 минути во Серија А бранел во април 2021 година кога тогаш неговата Рома загуби на гости кај Торино со 3-1.

За мечот со Јувентус, Пиоли нема да може да смета ниту на Тео Ернандез кој е суспендиран поради пет жолти картони.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

×