Милан со 2-1 победи на гостувањето кај Торино, сите три погодоци беа постигнати во последниот половина час од мечот.
Резултатот беше почетниот, во 56. минута во игра влегоа Модриќ и Рабио и работите се променија.
Французинот беше дел и од двата голови. Најпрво во 64. минута асистираше до Сисе за водство на Милан од 1-0, а две минути подоцна и самиот Рабио даде гол за 2-0.
Во 93. минута Адамс постигна прекрасен гол за Торино и ги постави конечните 1-2.