Милан го одби
првиот предлог на Њукасл за услугите на Сандро Тонали, но „росонерите“ сериозно размислуваат за продажба на Италијанецот.
Клубот од Сан
Сиро прави калкулации, и со парите од овој трансфер (најмалку 70 милиони евра)
може да донесе две засилувања во средниот ред.
Станува збор за
Давиде Фратези од Сасуоло и Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио. Не само што Пиоли
ќе добие квалитетни фудбалери, Милан ќе им зададе удар на Интер и Јувентус на
трансфер пазарот.
Интер со недели
работи на ангажман на Давиде Фратези и ги приближува позициите со Сасуоло, а и
Јувентус е во постојан контакт со „црно-зелените“ (денеска имаше нова средба) и опипува терен за трансфер.
Што се однсува до
Сергеј Милинковиќ Савиќ, „старата дама“ од поодамна прави напори за негов
ангажман и се чини дека ова лето имаат идеална шанса со оглед на тоа дека Лацио
бара 35-40 милиони евра. Србинот исто така е и во бележникот на Интер, тренерот Симоне Инзаги инсистира на негов
ангажман.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.