Неколку гиганти
ширум Европа пројавуваат интерес за услугите на Рафаел Леао и се подготвени да платат сериозни суми, но Паоло Малдини во
неколку наврати порача дека Милан не сака да остане без Португалецот и целта е
да се продолжи неговиот договор.
Како што
пренесува Газета дело Спорт, „росонерите“ следната недела, во вторник или
среда, ќе се сретнат со агентите на Рафаеал Леао и ќе го презентираат новиот
предлог.
Милан на маса ќе
стави 5 милиони евра по сезона, што е минимално покачување на платата во однос
на претходниот предлог (4,5 милиони евра), но шампионот на Италија исто така ќе
прифати да го подмири долгот кој го има играчот кон Спортинг по загубениот судски
спорт.
Се шпекулира дека
клубот од Сан Сиро за оваа намена ќе одвои 9-10 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.