Особено по поразот од Лацио, раководството на Милан сфати дека на тимот му треба освежување, Малдини долго време е фан на Заниоло, па се прават обиди зделката да се случи.
Заниоло сака да замине од Рома, не играше на последните два меча, а нема да биде дел од составот ниту за натпреварот против Наполи во недела.
Рома го проценува Заниоло за околу 35 милиони евра. Милан прави математики како да ги даде тие пари.
Се верува дека ќе биде договорена позајмица со обврска Заниоло да биде купен во летниот преоден рок.
Според „Газета дело Спорт“, во Милан се чека одобрување од сите членови на менаџментот на клубот, тоа е неопходно за големи инвестиции во јануари.
Остануваат уште пет дена до крајот на преодниот рок, преговорите меѓу Милан и Рома се интензивираат и треба да кулминираат денововиве по што ќе се знае дали Заниоло ќе се пресели на Сан Сиро или ќе остане на Олимпико.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.