Милан попушти и ја зголеми понудата за Де Кетеларе, на потег е Клуб Бриж

by
1 минути читање

Милан и Клуб Бриж
со недели се во преговори но никако да постигнат компромис, шампионот на
Италија застана на понуда од 30+2 милиони евра, додека пак шампионот на Белгија
не помрдна од барањата за 35+2 милиони евра.

Вчера во Лугано
имаше нова средба по која „росонерите“ решиле да попуштат и да ја зголемат
понудата.

Неколку извори од
Италија пренесуваат дека Милан на маса ставил 35 милиони евра, односно предлог
вреден 31+4 милиони евра во бонуси. Од бонусите, 2 милиони евра се лесно остварливи,
додека пак 2 милиони евра се потешко остварливи.

На потег сега е Клуб
Бриж, кој треба да каже дали овој предлог е доволен за трансфер на Шарл де
Кетеларе на Сан Сиро.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани