Милан победи во Фиренца и ја зголеми предноста во однос на Јуве (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Росонерите се зацврстија на втората позиција на табелата откако Јувентус денеска загуби, а тие победија на тешкото гостување кај Фиорентина.

Мечот имаше бурен почеток на второто полувреме кога беа постигнати сите три гола.

По две минути игра во вториот дел Лофтус Чик погоди за Милан за водство од 1-0, но само три минути подоцна Данкан изедначи на 1-1.

Сепак во 53. минута Леао постигна гол за победа на Милан од 2-1.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани