Милан е во план
да започне преговори со Манчестер јунајтед околу целосен откуп на договорот на
21 годишниот бек Диого Далот, чија позајмица од Премиерлигашот истекува на
лето.
Како и да е,
италијанскиот прволигаш во моментов како приоритет го постави Хакан Чалханоглу,
но и Џанлуиџи Донарума, чии договори истекуваат на лето, меѓутоа „Калчомеркато“
тврди дека преговорите со Манчестер јунајтед се на агендата во клубот.
Речиси и да нема
дилеми во тоа дека предводникот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер нема
некои посебни планови со Далот, па во Милан се надеваат дека ќе го откупат
неговиот договор за помалку од 22 милиони евра, колку што платија „Црвените
ѓаволи“ за него по трансферот од Порто во 2018 година.
Истовремено,
горенаведениот медиум додава и дека Далот нема ништо против да остане во Милан,
меѓутоа интерес за неговите услуги постои и од страна на Севиља.