Милан плаќа над откупната клаузула за да го победи Реал до потписот на талентираниот Ѓулер

by
1 минути читање

18 годишниот Арда
Ѓулер важи за голем талент, многумина го сметаат за „турскиот Меси“ и се
очекува ова лето да ја промени средината.

За неговите
услуги подолго време интерес пројавуваат клубови како Салцбург, Лајпциг,
Севиља, Борусија Дортмунд но и Реал Мадрид, Барселона и Милан.

Турскиот весник
Фанатик пишува за стратегиите на гигантите и како тие се надмудруваат со цел да
стигнат до потписот на Арда Ѓулер.

Реал Мадрид е
подготвен да ја активира откупната клаузула во неговиот договр вредна 17,5
милиони евра и да го остави на позајмица во Фенербахче уште една сезона.

Милан пак е
подготвен да плати над откупната клаузула односно околу 22 милиони евра, плус
бонуси, плус на Фенербахче да му даде процент од следната продажба.

Секако, на крајот
треба да одлучи и Арда Ѓулер и да го одбере проектот кој најмногу му одговара.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани