Милан „пишман-аџија“, ќе го купува играчот од кој се откажа во февруари?!

by bojan
1 минути читање
Матета

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан сериозно размислува за ангажман на Жан Филип Матета, кој во зимскиот преоден рок беше на чекор до „Сан Сиро“ но зделката пропадна откако напаѓачот не ги мина редовните лекарски прегледи.

„Росонерите“ на почетокот од годината се обидоа да донесат нов голгетер за да си ги зголемат шансите за висок пласман и го договорија Жан Филип Матета од Кристал Палас.

И кога се очекуваше официјално соопштение за трансферот, на големо изненадување пристигна информација дека зделката пропаднала, Французинот не ги минал редовните лекарски прегледи.

Повреда на коленото, за која наводно е потребна операција, беше причината зошто Милан се откажан од Жан Филип Матета.

Но неколку месеци подоцна, Милан повторно размислува за ангажман на напаѓачот, и како што пренесуваат медиумите од Италија, клубот од Сан Сиро има три причини за ова.

Како прво, Жан Филип Матете со добрите настапи во финишот од сезоната покажа дека повредата е минато, тој дури и го постигна голот со кој Кристал Палас ја освои Конференциска Лига, а доби и повик од Дидје Дешам за настап на мундијалот во САД.

Второ, неговата цена сега ќе биде нешто пониска (35 милиони во јануари), Жан Филип Матета има договор до јуни 2027, и ова ќе биде една од последните шанси на „орлите“ да заработат од негова продажба.

И трето, Милан за нов тренер сака да го именува Оливер Глазнер, па Жан Филип Матета ќе соработува со стратегот под чие водство ги прикажуваше најдобрите игри во кариерата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×