Милан одбра „мозок“ на новата ера, албанска легенда на Лацио е нов спортски директор

by 24 фудбал
1 минути читање

По подолго тактизирање и шпекулации, Милан конечно го доби новиот спортски директор — се работи за поранешниот прв човек на спортскиот сектор на Лацио, Игли Таре.

Албанецот со италијански пасош, кој има 51 година, беше избор на извршниот директор Џорџо Фурлани, а од денеска и официјално ќе раководи со спортскиот сегмент на „росонерите“. Таре веќе стави потпис на договорот и веднаш ќе се фрли на работа, особено што го очекува бурно лето со трансфери, но и избор на нов тренер задача која ќе биде под негова дирекна надлежност.

Таре ќе одговара директно на Фурлани, бидејќи досегашната структура во Милан не беше најјасна. Со неговото доаѓање, клубот очекува стабилност и јасно дефинирана стратегија за иднината.

Како спортски директор досега работеше само во Лацио, но беше на таа функција цели 15 години – од 2008 до 2023. Добро го познава калчото, а како фудбалер настапуваше за Лацио, Бреша и Болоња, додека најголемиот дел од кариерата го помина во Германија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани