Милан носи тренер кој летово ќе води репрезентација на Мундијалот?

by Стефан
1 минути читање

Само две недели пред стартот на Светското првенство, се појавија информации кои би можеле сериозно да ја разнишаат американската фудбалска репрезентација. Според повеќе извори, селекторот на САД, Маурисио Покетино, веќе размислува за нов предизвик и по Мундијалот би можел да ја напушти репрезентацијата за да седне на клупата на Милан.

Аргентинскиот стратег на Светското првенство доаѓа под голем притисок од јавноста. Во изминатиот период тој се соочи со жестоки критики, како од навивачите така и од дел од фудбалерите, откако преку електронска порака ги известил играчите кои нема да бидат дел од составот за Мундијалот.

Неговата досегашна работа на клупата на САД не ги убедила целосно навивачите, а според информациите од Италија, проектот на Милан станал сериозна опција за неговата иднина.

Италијанскиот инсајдер Николо Шира објави дека Покетино по Светското првенство ќе ја напушти американската репрезентација. Според неговите информации, Аргентинецот веќе добил официјална понуда преку посредници да стане нов тренер на Милан, а раководството на италијанскиот гигант очекува одговор во наредните денови.

Доколку Покетино ја прифати понудата, веднаш ќе започне планирањето на летниот преоден рок. Во таков случај, иднината на мексиканскиот напаѓач Сантијаго Хименез би можела да стане неизвесна, бидејќи тој повеќе не се смета за недопирлив дел од проектот на Милан.

Од друга страна, американската ѕвезда Кристијан Пулишиќ има сигурен статус во клубот, особено поради одличниот однос што го има со Покетино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×