По 24 средби без
пораз, Милан вечерва е на колега. Јусуф Јазичи постигна хет-трик на Сан Сиро и
помогна Лил да го изненади фаворитот.
Резултатот беше
отворен во 22. минута, Ромањоли наивно направи пенал а Јазичи од белата точка
донесе водство од 0-1. По десетина минути игра во вториот дел, Турчинот биеше
од далечина, Донарума лошо ја процени топката и дозволи да биде совладан за
водство на Лил од 0-2.
Само 180 секунди
подоцна, Јазичи по трет пат ја затресе мрежата со прецизен удар од врвот на
шеснаесетникот.
За „росонерите“
ова беше прв загубен натпревар по март месец, кога Горан Пандев со гол ја
предводеше Џенова до триумф на Сан Сиро.
Резултати на натпреварите од 21 часот во Лига Европа:
Милан – Лил 0:3
Анверпен – ЛАСК 0:1
Арсенал – Молде 4-1
Селтик – Спарта Прага 1:4
Црвена звезда – Гент 2:1
Динамо Загреб – Волфзбергер 1:0
Феенорд – ЦСКА Москва 3:1
Хофенхајм – Либерец 5:0
Лестер – Брага 4:0
Јанг Бојс – ЦСКА Софија 3:0
Зорја – АЕК 1:4