Милан му ветил на Кроше фантастични 700 милиони за од корен да го промени клубот

by bojan
1 минути читање

Медиумите откриваат детали од понудата на Милан за Маркус Кроше, на оперативецот му биле ветени 40 милиони евра плата за четири години, како и фантастични 700 милиони евра за од корен да го промени клубот.

„Росонерите“ оваа недела го потврдија Рубен Аморим за нов тренер, а планот беше да го потврдат и Маркус Кроше за технички директор и Тимо Хардунг за спортски директор.

Но на крајот се изјаловија преговорите откако Ајнтрахт Франкфурт одби да ги пушти без обештетување од 10 милиони евра, Милан не сакаше да плати и преговорите пропаднаа.

Како што пренесува Билд, Милан му ветувал „брда и долини“ на Маркус Кроше во намерата да го привлече на Сан Сиро.

Весникот објави дека на оперативецот му биле ветени 40 милиони евра плата за четири години, или 10 милиони по сезона.

Само за споредба, најскапо платени фудбалери на Сан Сиро се Рафаел Леао и Мајк Мењан, со примања од околу 7 милиони евра по сезона.

На Маркус Кроше исто така му бил ветен и буџет од 700 милиони евра, и тој во период од четири години ќе требал од корен да го промени клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×