„Росонерите“ со
три бода си заминаа од гостувањето кај Салернитaна, конечниoт резултат беше 1-2,
но избраниците на Стефано Пиоли доминираа на теренот и можеа да го наполнат
голот на противникот доколку не беше расположениот Гиљермо Очоа, кој правеше чуда на своето деми во Серија А.
Леао донесе 0-1
по десет минути игра, а во 15. минута веќе беше 0-2, Тонали погоди со шут по
земја од врвот на шеснаесетникот.
Потоа играчите на
Милан пропуштија неколку добри шанси, за во финишот, Салернитана со првиот и
единствениот шут во ракмите на голот да намали на 1-2 и да ја направи интересна
завршницата.
Само за споредба,
Милан имаше десет удари во рамките на голот, плус ВАР им поништи погодок за
0-3.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.