Ливерпул и
Брајтон си подадоа рака за рекорден трансфер на Моизес Каиседо вреден 110
милиони фунти (околу 127 милиони евра) но играчот сака само преселба во Челси
па се очекува „црвените“ да извисат.
Челси сега бара
решение со Брајтон и се верува дека „сините“ ќе мора да ја изедначат понудата
за да го комплетираат трансферот.
Медиумите од
Италија откриваат дека Милан во 2020 година можел да го купи Еквадорецот,
скаутите го предложиле на Малдини и Масара но директорите одбиле да го ангажираат
и покрај тоа што сумата потребна за трансфер била само 2 милиони евра.
Медиумите од
Англија пак пишуваат дека една година подоцна Манчестер јунајтед можел да го донесе
Моизес Каиседо за 5 милиони евра, но „ѓаволите“ на крајот се решиле да се
повлечат од зделката бидејќи требале да платат провизии на неколку
агенти.
Кратко откако Манчестер
јунајтед се откажал, Брајтон стапил на сцена и го договорил трансферот, па сега
ќе заработи 20 пати повеќе.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.