Милан сака летово да донесе нов напаѓач, минатата недела се пишуваше за шокантен ангажман на Ромелу Лукаку, кој минатата сезона го носеше дресот на лутиот градски ривал Интер.
Спортмедиасет денеска објави дека „росонерите“ меркаат уште еден поранешен играч на Интер.
Клубот од Сан Сиро остварил контакт со ПСЖ и се распрашувал за трансфер на Мауро Икарди. Аргентинецот си ја врати кариерата на прав пат во Галатасарај, каде постигна 22 погодока на 24 натпревари и помогна неговиот тим по четири години да стане шампион на Турција.
Се верува дека неговата цена е 15-20 милиони евра и Милан нема проблем да плати ваква сума.
Проблем е платата на напаѓачот, кој заработува околу 7 милиони евра по сезона.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.