Милан може да има
голем трансфер буџет за сезоната 2024/25, „росонерите“ ќе наплатат околу
22-25 милиони евра од трансферот на Де Кетеларе во Аталанта, а постои можност и да инкасираат дури 175 милиони
евра од продажба на Рафаел Леао.
Португалецот изминативе
денови е актуелен во трансфер шпекулациите, се говори дека е прва желба на
ПСЖ за наследник на Килијан Мбапе.
Денеска „Футмеркато“ објави дека Рафаел Леао смета дека неговиот циклус на Сан Сиро е завршен, па е подготвен да слушне понуди, не само од ПСЖ, туку и од клубови од Премиерлигата и Ла Лига.
Во неговиот
договор има откупна клаузула вредна 175 милиони евра, и таа може да се активира
од 5ти до 15ти јули.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.