Одлучувачки
недели за проблематичниот сопственик на Милан од Кина, Јонгхонг Ли треба на
сметката на „Росонерите“ да уплати 40 милиони евра. Првата финансиска инекција
од 10 милиони евра треба да пристигне до понеделник, додека пак останатите 30
милиони евра до крајот на јуни.
Инвестицискиот
фонд Елиот внимателно ја следи целата ситуација и е подготвен да стане нов
сопствнеик на Милан доколку ветените пари не пристигнат. Сепак, до присилно
превземање на клубот нема да дојде, барем не во овој момент.
Како што
пренесуваат медиумите од Италија, исплатата од 10 милиони евра е одобрена и
парите треба да легнат на сметка на Милан до понеделник. Јонгхонг Ли ќе го
испочитува дадениот збор, како што го правеше тоа и до сега. Се очекува да
пристигнат и преостанатите 30 милиони евра до крајот на месецот, но тука не
завршува целата приказна.
До октомври на
Елиот треба да му се вратат 300 милиони евра, средства кои беа позајмени со цел
Јонгхонг Ли да го купи Милан од семејството Берлускони. Со месеци се бараат
инвеститори но до сега нема никаков абер за рефинансирање на овој долг.
Исто така, темни
облаци доаѓаат од Нион. Милан и УЕФА не се договорија за Финансискиот фер плеј,
па европската куќа на фудбалот треба да одлучи каква санкција да изрече.
Опции се парична
казна, лимитиран состав и балансирање на сметките со продажба на играчи, додека
најтешката казна е исфрлање од европските натпреварувања. Њујорк Тајмс повикувајќи се на извори блиски до целиот случај, објави дека
финансиските истражители токму ова го предложиле, Милан да биде исфрлен од Лига
Европа!
На 7. јуни, Марко
Фасоне ќе отпатува за Нион во обид да издејствува избегнување на најстрога казна и исфрлање на
Милан од Лига Европа. Генералниот директор ќе бара од челниците на УЕФА да го
разграничат клубот од сопственикот, и да ги судат само сметките на
„Росонерите“, а не и финансиските потешкотии со кои се соочува бизнисменот од Кина.