Милан ја следи ситуацијата со Кеси, може да го врати на Сан Сиро!

by
1 минути читање

„ЕСПН“ претходно објави дека Кристенсен и Кеси бидејќи дојдоа како слободни играчи во Барселона, имаат клаузули според кои можат да го напуштат клубот доколку не бидат регистрирани до почетокот на сезоната.

Ваквата ситуација на Барселона станува интересна за Милан, тие следат што ќе се случи и не ја отфрлаат можноста да го вратат Кеси на Сан Сиро.

Платата за која потпиша во Барселона, е слична на онаа која му ја нудеше Милан, па нема да биде изненадување доколку тој одлучи да се врати.

Милан претходно бараше замена за него во Ренато Санчез, но Португалецот потпиша за ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани