Милан испратил и формална понуда за Белоти

by
1 минути читање

„Скај Спортс Италија“ пренесува дека Милан испратил конкретна понуда до Торино за Андреа Белоти, но таа била помала од она што го бара клубот.

Торино бара најмалку 70 милиони евра плус играчи на Милан. А фудбалерот има и откупна клаузула од 100 милиони евра која важи само за странски клубови.

Се очекува Милан да се врати со подобрена понуда за Белоти но не смее многу да одолговлекува бидејќи интерес за напаѓачот постои и од клубови надвор од Италија.

„Медиасет Премиум“ пишува дека агентот Жорге Мендеш работи на трансфер на Белоти во Манчестер јунајтед.

И на Милан и на Манчестер јунајтед првична цел им е Алваро Мората, но Реал Мадрид не се откажува лесно од напаѓачот и покрај тоа што тој е во втор план во кралскиот клуб.

Белоти никогаш не криел дека е фан на Милан, па тоа може да биде предноста на „росонерите“ во трката со Манчестер јунајтед. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани