13
Mилан и Јувентус вечерва го одиграа дербито во Серија А кое не понуди премногу возбудувања и завршо без победник 0-0.
Јувентус во првото полувреме повеќе напаѓаше, Консеисао правеше проблеми на одбраната на домаќините, а видовме и еден поништен гол на Турам поради недозволена позиција.
Милан најголемата прилика ја имаше во вториот дел кога Салемакерс ја погоди пречката.
По ова реми Милан остана трет со 67 бода, Јувентус е четврти со 64, три повеќе од Комо и Рома во борбата за место во Лигата на шампионите наредната сезона.