Ниту за Барселона, ниту за Милан не е проблем цената која треба да ја платат како обесштетување за да го добијат неговиот потпис. Тој има клаузула во договорот која изнеасува 17,5 милиони евра.
Но, проблем е провизијата која ја бара неговиот татко кој му е и агент. Сумата која тој ја бара е поголема и од парите кои ќе ги добие Фенербахче. Се работи за цифра од 18-20 милиони евра.
И во Барселона и во Милан се чуделе кога таткото на фудбалерот ги побарал овие пари.
Покрај Милан и Барселона, името на Ѓулар се поврзува и со Ајакс, Бенфика и Борусија Дортмунд.
Ѓулар важи за огромен талент, а за тоа говори и прекарот кој го доби, „турскиот Меси“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.