По продажбата на
Сандро Тонали во Њукасл, Милан почна да носи засилувања во средниот ред, прво
пристигна Рубен Лофтус Чик од Челси, а сега е ангажиран и Тиџани Рајндерс од АЗ
Алкмар.
„Милан е задоволен
што може да соопшти дека го купи Тиџани Рајндерс од АЗ Алкмар. Холанѓанецот
стави потпис на договор со трајност до 30. јули 2028 година“ – гласеше известувањето.
Како што
пренесуваат медиумите, „росонерите“ ќе платат околу 20 милиони евра плус бонуси
за услугите на Тиџани Рајндерс, кој доаѓа на инистирање на Стефано Пиоли.
24 годишниот Холанѓанец е петтото ново име во Милан ова лето по Кристијан Пулишиќ, Лука Ромеро, Рубен Лофтус Чик и Марко Спортиело.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.