149
Бразилскиот фудбалер минатото лето се врати во Баерн Минхен, овој пат на позајмица од Јувентус со можност да биде комплетно откупен.
Но, Германците го информирале Јувентус дека нема да го купат Даглас Коста по крајот од сезоната. Тој одигра само шест меча за Баварците оваа сезона во сите натпреварувања.
Милан го прати развојот на ситуацијата и веќе го контактирале Јувентус за можен негов ангажман, проблем е само неговата плата која изнесува 6 милиони евра годишно.
Милан во овој преоден рок веќе потпиша со Манџукиќ, Меите и Томори, но клубот сака уште да се засилува.