Авантурата на
Анте Ребиќ во Милано е пред крај, напаѓачот е многу блиску до трансфер во
Бешикташ.
Голем број на извори
пренесуваат дека двата клуба ги пеглаат деталите и во скоро време ќе пристигне
официјална потврда.
Одредни извори од
Турција пишуваат дека Бешикташ ќе плати 500.000 евра за ангажман на Хрватот, а Милан
ќе добие и 1 милион евра во бонуси. Скај Италија пак пишува дека „росонерите“
сега нема да добијат ништо, но во иднина ќе можат да заработат 2 милиони евра
во бонуси.
Клубот од Сан
Сиро практично го продава Анте Ребиќ беспари со цел да заштеди на неговата
плата, која за следните две сезони во бруто износ чини 14 милиони евра.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.