Франческо Камарда, еден од најталентираните напаѓачи што произлегле од школата на Милан во последните години, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Лече.
Италијанскиот тинејџер ќе игра како позајмен фудбалер во Серија А, откако двата клуба ги договорија сите детали околу трансферот. Станува збор за класична позајмица со право на откуп за Лече во висина од три милиони евра.
Милан, сепак, не се откажува целосно од Камарда „росонерите“ вметнаа откупна клаузула во вредност од четири милиони евра, што ќе им овозможи да го вратат играчот во иднина доколку експлодира со формата.
Камарда се смета за голема надеж на италијанскиот фудбал, веќе има дебитирано за првиот тим на Милан, а овој потег се гледа како идеална можност да добие поголема минутажа и да созрева низ настапи во елитата.