Пет голови и многу возбудувања на големото миланско дерби, росонерите ги освоија трите бода благодарение на брилијантната партија на Рафел Леао и одбраните на Мајк Мењон.
Интер прв поведе, Кореа во 21. минута паметно го пронајде Брозовиќ кој излезе сам пред Мењан и ја смести топката во мрежата на Милан за водство од 1-0.
Седум минути подоцна резултатот беше изедначен, Тонали додаде до Леао кој убаво пласираше во мрежата на Хандановиќ за израмнување на 1-1.
По девет минути игра во вториот дел, Лео асистираше до Жиру кој даде гол за комплетен пресврт и водство на Милан од 2-1.
Шест минути подоцна веќе беше 3-1, Жиру му ја врати асистенцијата на Леао кој постигна втор погодок на мечот.
Но, Интер не се предаде во 67. минута Един Џеко постигна гол за 3-2 и ја врати неизвесноста во натпреварот.
До крајот на мечот Интер имаше неколку убави шанси за да се спаси од пораз, но Мањан царуваше на голот. Особено убава беше неговата одбрана при еден шут на Чалханоглу.
Милан со оваа победа го помина Интер на табелата, во моментов росонерите се први со 11 бодови, Интер е на петтото место со 9, но има уште мечеви од ова коло и табелата ќе се менува.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.