Милан го договори трансфер на Лофтус Чик, продолжуваат преговорите со Челси за Пулишиќ

by
1 минути читање

Рубен Лофтус Чик
ќе биде првото засилување за Стефано Пиоли за новата сезона, Милан ги финализираше
преговорите со Челси за трансфер на Англичанецот, кој беше на радарот уште кога
Малдини и Масара беа главни за креирање на тимот.

Се говори дека
двата клуба си подале рака за зделка вредна околу 18,5 милиони фунти (околу
21,5 милиони евра).

Се очекува во
брзо време Рубен Лофтус Чик да пристигне во Милано на лекарски прегледи и да
стави потпис на договор до 2028 година, со плата од околу 4 милиони евра по сезона.

Во исто време, продолжуваат
преговорите помеѓу Милан и Челси за трансферот на Кристијан Пулишиќ.

Офанзивниот
фудбалер од САД прифати намалување на платата со цел да се пресели на Сан Сиро.

„Сините“ бараат
околу 25 милиони евра за разделба со фудбалерот, Милан се обидува да се исценка
за поповлна зделка во висина од околу 15 милиони евра.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани