По паузата поради коронавирус Милан игра како препороден, последен импресивен резултат беше синоќешниот против Болоња кога росонерите победија со 5-1.
Очигледно во тимот владее одлична атмосфера, но најавите велат дека во следната сезона Ралф Рангник ќе биде и тренер и директор во Милан, а од клубот ќе заминат Пиоли и Малдини.
Тоа сигурно нема да им се допадне на фудбалерите кои се поврзаа со Пиоли, Чалханоглу по вчерашниот меч имаше само пофалби за тренерот.
„Пиоли ми дозволува да играм на начинот на кој сакам, тој зборува со мене и надвор од теренот, ми помогна многу. Можам да кажам дека играм и за него, бидејќи тој е многу, многу важна личност за мене и за сите во тимот. Среќни сме што имаме тренер како него кој работи со нас“, изјави Чалханоглу.
Ваквите негови зборови даваат слика за релацијата меѓу Пиоли и фудбалерите на Милан.
Останува да видиме дали оваа серија од добри резултати на Милан и реакциите на фудбалерите ќе го предомислат раководството на клубот.