Милан доцна се разбуди, Аталанта со цел плен замина од Сан Сиро! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Аталанта со 3-2 го победи Милан на негов терен, тимот од Бергамо водеше и со 3-0, а малку фалеше росонерите во самиот финиш да избегнат пораз.

Првиот шок за Милан се случи уште во седмата минута кога Едерсон постигна гол за водство на Аталанта од 1-0.

Во 29. минута гол даде Запакоста за предност на Аталанта и од 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.

По седум минути игра во вториот дел Распадори зголеми на 3-0. Во тој момент почна да се празни Сан Сиро.

Милан се разбуди во последните десет минути кога почнаа да се редат шанси пред голот на Аталанта.

Павловиќ погоди во 88. минута за 1-3, а Нкунку во 94. минута даде гол за 2-3. До последниот судиски свиреж имаа можност и за 3-3, но тоа сепак не се случи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×