Милан добил добри вести за откупната клаузула на Зиркзе и почнал сериозно да работи на трансфер

by bojan
1 минути читање
Зиркзе

Медиумите од Италија пренесуваат дека откупната клаузула на Џошуа Зиркзе од 40 милиони евра е валидна за сите клубови, па Милан почнал сериозно да работи на трансфер.

22 годишниот Холанѓанец има солидна сезона во Серија А во дресот на Болоња и се очекува летоска да направи трансфер во поголем клуб.

Првично се шпекулираше дека во неговиот договор има откупна клаузула од 40 милиони евра наменета за Баерн Минхен, но последните информации велат дека оваа клаузула е валидна за сите клубови.

„Баварците“ единствено имаат опција први да го ангажираат напаѓачот, како и процент од евентуална продажба.

Се верува дека вистите се по мерак на Милан, клубот од Сан Сиро почнал сериозно да работи на трансфер и да го ангажира Џошуа Зиркзе пред конкуренцијата.

Интер, Арсенал и Астон Вила исто така го имаат напаѓачот во своите бележници.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани