164
Во јануари 2018,
Хенрих Мхитарјан беше трампан за Алексис Санчез, но ниту тој се изнаигра во
Арсенал, ниту пак Алексис Санчез во Манчестер јунајтед.
Минатото лето,
Ерменецот беше испратен на позајмица во Рома, а и Чилеанецот заврши во Серија
А, на позајмица во Интер.
12 месеци
подоцна, двајцата играчи направија исти трансфери. На почетокот од овој месец, Алексис
Санчез го раскина договорот со Манчестер јунајтед за беспари да продолжи на „Џузепе
Меаца“, а сега ваква зделка реализираше и Хенрих Мхитарјан.
Популарниот Мики
вечерва на взаемна согласност го раскина договорит со Арсенал и направи
перманентен трансфер на „Олимпико“.