Мијатовиќ: Не го разбирам однесувањето на Винисиус, можеше да го остави тимот со 10 играчи!

by
1 минути читање

Многумина сметаат дека судиите му прогледаа низ прсти на Реал Мадрид кога не го исклучија Винисиус за двојниот намерен старт врз Орбан. 

На Предраг Мијатовиќ не му се допадна однесувањето на Винисиус.

„Не го разбирам однесувањето на Винисиус. Кога сите мислеа дека се смирил, тој прави ваква работа, многу ме изненади“, вели Мијатовиќ.

„Сакам да кажам уште една работа. Замислете во првиот натпревар, голот што му го поништија на Лајпциг, да му го поништеа на Реал. Сите ќе зборувавме дека УЕФА не нѐ сака и дека сите се против нас. Треба да се биде објективен, овој потег на Винисиус е последица на фрустрација. Мора да се биде повнимателен затоа што може да ја остави екипата со десет играчи“.

Ваквиот арогантен и непромислен потег на Винисиус не е инцидентен, се случува почесто. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×