Михајловиќ: Правилото за офсајд мора да се промени, не може да се поништува гол поради нос или рамо!

by
1 минути читање

Понекогаш фрустрирачко изгледа кога на некој ќе му поништат гол поради милиметарски ситен офсајд. Општ впечаток е дека тоа треба да се промени, иако се уште нема идеја како би се случило тоа.

„Мислам дека треба да бидеме потолерантни. Да се поништи гол поради нос или рамо е премногу, дури и ако правилата се јасни“, вели Михајловиќ.

„Според мене тоа мора да се промени. Мора да има толеранција, иако севкупно правилото за офсајд со ВАР е добра работа“.

„Но проблем е што сигнализира до милиметар. Често ни се случува на нас, и против нас и за нас. Мора да се адаптираме сега, но во иднина треба да се промени“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×