Синиша Михајловиќ претходно ја доби тешката битка со леукемијата, поради тоа тој спаѓање во ризичната група на луѓе кои имаат поголеми шанси да починат ако се заразат од коронавирус.
Но, Михајловиќ лесно помина, беше асимптоматичен и без никакви проблеми се избори со ковид-19.
„По се што поминав од јули до јануари, по шестмесечната битка со леукемијата, три хоспитализации, хемотерапии и трансплатација на коскената срж, коронавирусот ми беше како испена чаша со вода“, вели Синиша Михајловиќ.
„Немав симптоми, не заблежав ништо, но тоа не значи дека болеста не постои. Не сум од оние кои велат дека ковид-19 не постои или дека е само обична настинка. Бројот на хоспитализирани и починати кажува дека болеста е сериозна и вирусот е опасен“.
„Во добра форма сум, трчам секој ден, тренирам, живеам нормално и тоа сакам да го правам и понатаму“.