Новиот сопственик на Челси, Тод Боли направи вистински хаос во клубот откако го натрупа со нови засилувања без некој предвиден концепт. Во тимот има премногу играчи, дел од нив не можат ни до клупата да стигнат. Хаосот се отсликува на резултатите.
Пети бил присутен на мечот меѓу Арсенал и Челси и добро видел што се случува.
„Бев доста близу до клупата на Челси и видов како некои од играчите се караат, особено во второто полувреме. Бев шокиран во првото полувреме од односот на играчите, говорот на телото, немаат реакција на натпреварот, немаат гордост, единство, ниту пријателство. Си помислив, можете да ставите 20 тренери на клупата и нема да сменат ништо во моментов. Челси мора да ги расчисти нештата во соблекувалната, а потоа да мисли на тренер. Сега можете да го ставите и најдобриот тренер на клупата и тој нема да го има одговорот. Премногу играчи се. Вистински хаос е и ми беше срам да го гледам Челси во првото полувреме, жал ми е за навивачите“, вели Пети, кој беше член на „сините“ од 2001 до 2004 година, период во кој одигра 76 средби.
Челси потроши околу 600 милиони фунти на нови играчи за оваа сезона, вклучувајќи ги и летниот и зимскиот преоден рок. Сезоната ја почна со еден менаџер, а во моментов има трет (Тухел, Потер, Лампард). Се наоѓа во низа од девет натпревари без победа, од кои последните шест се порази, сите под водство на Лампард.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.