Место до историски подвиг, Антони брзо повторно стана мета на сеир

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот офанзивец Антони, кој оваа сезона настапуваше за Бетис како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед, се чинеше дека конечно ја врати формата. Сепак, и покрај подобрената игра, сезоната за него заврши без ниту еден освоен трофеј.

Бетис не успеа да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, завршувајќи како шести во Ла Лига, а синоќа во Варшава беа поразени од Челси во битката за трофејот во Конференциската лига.

Антони имаше шанса да испише историја како првиот фудбалер што во една сезона би триумфирал и во Лига Европа и во Конференциската лига. Но, наместо тоа, остана без европски трофеј, минатата недела „неговиот“ Манчестер Јунајтед загуби во финалето на Лига Европа од Тотнем, а сега и со Бетис не успеа.

Така многу брзо Бразилецот одново стана мета на сеир на социјалните мрежи.

„Антони е првиот играч што изгубил две европски финалиња во иста сезона“, се шегуваат фановите на негова сметка.

Кога во прашање е неговата иднина и таа неизвесна. Позајмицата во Бетис заврши и клубот и покрај неговите добри настапи нема да го откупи поради финансиите, па останува да се види каде ќе продолжи бидејќи Манчестер јунајтед не смета на него.

Фото: Real Betis/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани