Меси: Знаев дека Бог ќе ми го даде овој пехар!

by
1 минути читање

Лео Меси дојде до титулата од Светското првенство и според многумина стави крај на секоја дебата за тоа кој е најдобар фудбалер на сите времиња.

„Ова е едноставно неверојатно. Знаев дека Бог ќе ми го даде овој пехар, бев сигурен. Ова е големо уживање за нас. Го имав овој голем сон долго време. Сакав да ја завршам кариерата со освоено Светско првенство. Не можам да побарам повеќе од ова“, изјави Меси по финалето.

Меси рече дека нема да се пензионира од аргентинската репрезентација.

„Не, нема да се пензионирам од националниот тим. Сакам да продолжам да играм како Светски шампион во дресот на Аргентина“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани