Големата легенда на Барселона, Лионел Меси, уште има симпатии против поранешниот клуб. Најголем дел од кариерата Аргентинецот мина во Каталонија, а таму ги има и најголемите успеси.
Меси зборуваше дека сака секогаш Барселона да се бори за трофеи, а имаше пофални зборови и за новата млада надеж Ламин Јамал.
„Би сакал Барселона пак да ги освои Ла Лига, Купот на кралот и Лигата на шампионите. Во годините кога не е тоа можно, сакам да се борат до крајот.
Сега Барса има многу добра генерација на млади фудбалери. Пред нив се долги години играње. Мора да се истакне Ламин Јамал, многумина го прават тоа, па и јас. Секако дека многу зависи од него самиот, ама би рекол дека тој е сегашност и убава иднина на фудбалот“, изјави Меси.
Ламин Јамал има само 17 години, ама веќе беше еден од клучните играчи на Шпанија во походот на освојување на Европското првенство. Исто така за Барселона досега одигра 71 натпревар, постигна 13 гола и забележа 21 асистенција.