Меси во Барса го сака тренерот на Алиоски

by
0 минути читање

Марсело Биелса по 16 години го врати Лидс во Премиерлигата, но за него може понуда да испрати Барселона.

Весникот „Сан“ тврди дека Лионел Меси сака Биелса да биде следниот тренер на Барселона.

Гласот на Меси во каталонскиот клуб е многу важен, па нема да биде чудно ако раководството на Барса се обиде да го ангажира легендарниот тренер.

Кике Сетиен по оваа сезона речиси сигурно ќе ја напушти Барселона, тимот не игра на потребното ниво, а него не го сакаат најголемите ѕвезди како Меси, Суарез и Пике. При една таква ситуација јасно е каква ќе биде неговата иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×