Меси „удри“ по Бартомеу и третманот кон Суарез: Не заслужи вака да бидеш избркан… но веќе ништо не ме изненадува (ФОТО)

by
2 минути читање

Луис Суарез си замина од Барселона, напаѓачот синоќа на прес конференција кажа збогум по шест сезони на Камп Ноу. Денеска на социјалните мрежи се огласи Лео Меси за да го поздрави својот соиграч од нападот но и добар пријател надвор од терените.

Аргентинецот ја искористи оваа прилика за уште еднаш да „удри“ по претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и раководството на клубот.

„Во мислите веќе ја имав идејата, но кога денеска влегов во соблекувалната, ме удри реалноста. Колку тешко ќе биде што повеќе нема да ги поминуваме заедно деновите, како на теренот така и надвор од него. Ќе ми недостигаш многу. Поминавме многу години заедно, многу испиени чаеви од мате, многу ручеци, многу вечери… Многу работи кои никогаш нема да ги заборавам. Ќе ми биде чудно да те видам во друг дрес, и уште почудно да играм против тебе. Заслужуваше да заминеш за играчот кој си, еден од најважните фудбалери во историјата на клубот, забележа големи постигнување како индивидуалец но и член на групата. Не заслужи вака да бидеш избркан, но веќе ништо не ме изненадува. Ти посакувам се најдобро во новиот предизвик, те сакам многу. Се гледаме наскоро пријателе“ – гласеше пораката на Лео Меси на Инстаграм.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани