Лео Меси утрово
дебитираше во дресот на Интер Мајами и се погрижи цел свет да говори за
неговиот прв настап во САД, Аргентинецот во 94. минута прекрасно погоди од
слободен удар и донесе победа од 2-1 за својот нов тим.
По крајот на
натпреварот, напаѓачот покажа големо срце и славјето му го посвети на соиграчот
Иан Фреј, за кого може да се каже дека е најмалерозниот во составот на Интер
Мајами.
20 годишното момче веќе два пати ги има скинато лигаментите на коленото, а големи се шансите
против Круз Азул и по трет пат да ги скина, во 26. минута, дефанзивецот падна
без контакт со противнички фудбалер и со солзи во очите го напушти теренот.
„Голот и победата
му ја посветувам на Иан Фреј, кој се мачеше во соблекувалната по повредата. Се
врати од две тешки повреди но денеска повторно немаше среќа и одново се
повреди“ – рече Лео Меси.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.