Лео Меси минатата
недела беше промовиран како нов фудбалер на Интер Мајами, неговото пристигнување
во САД предизвика вистинску фудбалско лудило, се бара карта повеќе а цените на
одредени билети стигнаа и до 110.000 долари на сајтови кои се бават со
продавање на билети.
ДеАндре Једлин
сега откри интересна приказна од соблекувалната, соиграчот Леонардо Кампана
барал екстра билети за промоцијата на Аргентинецот, пишал во ВатсАп групата
која ја имале фудбалерите и многумина се изненадиле кога самиот Аргентинец
одговорил и прашал колку билети му требаат.
„Во неделата, Кампана
бараше билети па пиша во групата и праша дали некој има карта повеќе. Се
изненадив кога видов дека Лео Меси одговори, „Колку ти требаат?“. Веднаш си
реков, „Леле“. Се знаеме само ден-два. Мило ми е што направи таков убав гест, покажа
каков човек е“ – открива ДеАндре Једлин.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.