Меси со три збора се прости од Пеле, Роналдо објави емотивен пост (ФОТО)

by
1 минути читање

Фудбалскиот свет се простува со Пеле, еден куп пораки се објавуваат на социјалните мрежи по смртта на бразилската легенда.

Лео Меси го стори тоа со кратка порака која гласеше: „Почијав во мир Пеле“.

Кристијано Роналдо пак имаше емотивен пост, Португалецот испрати сочувство до семејството и цел Бразил.

„Длабоко сочувство до цел Бразил, особено до семејството на Едсон Арантес до Насименто. Искрено „збогум“ до вечниот Крал Пеле, кое никогаш нема да биде доволно за да се изрази болката која целиот фудбал во моментов ја чувствува. Инспирација на многу милиони, референца во минатото, сегашноста и иднината. Никогаш нема да биде заборавен, неговата меморија ќе живее вечно во срцето на секој фудбалски фан. Почивај во мир Кралу Пеле“ – гласеше постот на Португалецот.

Килијан Мбапе пак напиша: „Кралот на фудбалот не напушти, но неговото наследство никогаш нема да биде заборавено. Почивај во мир Кралу“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×