Меси сериозно се доближува до најдобриот изведувач на слободни удари на сите времиња

by Стефан
1 минути читање

Лионел Меси продолжува да ја воодушевува фудбалската јавност, иако веќе е во четвртата деценија од животот. Аргентинската суперѕвезда постигна уште еден маестрален погодок од слободен удар во ремито на Интер Мајами против Филаделфија (3-3), и со тоа стигна до својот 67. гол на ваков начин.

На натпреварот одигран во Пенсилванија, Меси се запиша во листата на стрелци во самиот финиш, покажувајќи дека и натаму знае да погоди од прекн. Со тоа, направи нов чекор кон врвот на вечната листа на најдобри изведувачи на слободни удари.

На самиот врв и понатаму е бразилскиот мајстор Жунињо Пернамбукано со 77 голови од слободни удари, а пред Меси засега е уште една бразилска фудбалска икона , Пеле, со 70 вакви погодоци. Судејќи според формата и конзистентноста на Меси, се чини дека барем втората позиција е само прашање на време.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани